| ||||||||
Младите хип хоп артисти од Африка преку својата музика се обидуваат да извршат притисок врз младите да се вклучат во борбата против корупцијата | ||||||||
Нугри Гитуку од Кенија е млад хип хоп артист и активист за човекови права. Самиот себе си се нарекува артивист бидејќи преку својата музика, чија главна тема се проблемите на луѓето поврзани со корупцијата, се обидува да влијае врз младите и преку ритамот на музиката да ги привлече и натера да размислуваат за тоа како можат да придонесат во борбата против корупцијата. “Преку вметнувањето на ритамот на румбата “зачинет” со ангажирана хип хоп поезија се обидуваме да ги заинтересираме младите да ја слушаат нашата музика од една страна и да се заштитиме од владината цензура од друга страна”, вели Катја Њинуасики Емануел музичар од Демократската Република Конго. Емануел вели дека нивните текстови често пати биле забранувани поради тоа што ја отсликувале реалната политичка состојба во земјата, но сега се обидуваат преку “заразни” ритми да ги привлечат младите. Мухамед Ал Турек е музичар од Палестина. Преку својата музика, со која почнал да се занимава во бегалскиот камп во Либија. Од старо напуштено место Мухамед и неговите пријатели успеале да направат центар за изучување и продуцирање на музика. Преку своите ангажирани текстови Мухамед се бори за слободата на Палестина. На Глобалниот младински форум за антикорупција кој се одржува во Брисел, младинските невладини организации,младите музичари и новинарите кои го покриваат Форумот, помеѓу кои е и дел од тимот на Антикорупција и претставник на Младинскиот образовен Форум МОФ, ќе се обидат да помогнат во борбата против корупцијата. Случајно или не, учесници на Форумот се претежно земји кои секоја година се посочуваат како најкорумпирани во светот, Парагвај, Kенија, Конго, Монголија, Индонезија и д Музиката како средство за борба против корупцијата и младинскиот активизам како средство за запознаванје на младите со проблемот на корупцијата се основните средства со кои младите од Африка, Азија, Америка и Европа ќе се обидат да придонесат во справувањето со модерното зло.
This is the aricle that I have published on the website that I work on in Macedonia. This is the direct link to the story, but is only in Macedonian. http://antikorupcija.kirilica.com.mk/antik.asp?id=49240 |
Friday, May 28, 2010
Music as a weapon to fight corruption
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment